Албанксиот претседател Илир Мета, рано утрово се појави на вонредна пресконференција за да ја разјасни својата одлука во врска со одложувањето на локалните избори кои требаше да се одржат на 30 јуни.

Цитирајќи го Уставот, тој рече дека претседателот на Републиката е единственото уставно тело кое има надлежност за одредување датум за избори и одржување на референдуми.

Тој додаде дека изборите се момент на соединување за албанските граѓани и не можат никако да бидат сфатени како ден на разделба.

Без датум одреден од претседателот на Републиката, општи или локални избори не можат да се одржат. Датумот на изборите никако не може да биде ден поделба. Постои реална опасност Албанија да оди кон непредвидлива ескалација што може да предизвика непредвидливи последици. Тоа е закана за мирот во земјата. Со одржувањето на избори без трка и без учество на опозицијата се кршат некои од уставните принципи – рече Мета, пренесува Топ Чанел.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера предупреди дека претседателот на Албанија, Илир Мета го изгубил правото да остане во својата канцеларија. Според него, одлуката за откажување на изборите кои беа закажани за 30 јуни не е последното чудо на Илир Мета и дека ќе има повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.