Помала количина месо од болните крави во Полска завршила во Словенија каде што стигнала преку Германија, пренесоа медиумите во Словенија, а веста ја потврди и Агенцијата за безбедност на храна на таа земја.
Откако се појави аферата со месото во јавноста, Агенцијата прво објави дека Словенија не е меѓу 10-те држави на Европската унија каде што завршило месото од Полска. Но, телевизијата ПОП-Тв извести дека дел од ова месо дошло до Словенија и е пронајдено во ќебапчињата. Потоа и службено беше потврдена веста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.