Мермерни плочки со знак „Версаче“, соба полна со шишиња алкохол, а во спалната вистинска секс-атмосфера: пригушено светло, розеви завеси, голем француски кревет. Еден ѕид во куќата посветен на иконите на своите светци заштитници.

Во оваа соба цело семејство од Србија терало 19-годишна девојка на проституција повеќе од седум месеци.

Во полициска акција, уапсени се 44-годишната Јасмина Николиќ, нејзиниот 50-годишен сопруг Горан, 24-годишната ќерка Кристина, 19-годишниот син Мирољуб, како и нивниот 46-годишен возач Демири Бајрам,поради сомение дека се занимавале со трговија со луѓе.

Како што пренесуваат српските медиуми, во игра било целото семејство. Тие ја терале девојката да се проституира со тројца мажи дневно, а парите кои клиентите ги плаќале, си ги земале за себе.

Јасмина била мозокот на операцијата. Ја убедила девојката дека е нивна роднина и ја искористила нејзината лоша материјална состојба. Кога девојката дошла кај неа во куќата, таа смислила пеколен план, нејзините фотографии ги објавила на интертнет и нудела секс за пари, рекол извор за „Кирир.рс“.

Како што тврди, Јасмина договарала состаноци со клиентите, а нејзината ќерка одговарала на повиците претставувајќи се како девојката од огласот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.