За развојот на настаните во Источниот Медитеран, германската канцеларка Ангела Меркел, телефонски разговарала со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, a претходно денеска и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердогн.

Господинот Мицотакис во пресрет на утрешниот вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската Унија, ја информираше госпоѓа Меркел за турските прекршувања, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.

Според турската новинска агенција „Анадолу“, Ердоган, за време на телефонскиот разговор со Меркел истакнал дека Турција верува во решавањето на проблемите во Источниот Медитеран во рамки на меѓународното право, базирано на дијалог и правичност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.