Рускиот премиер, Дмитри Медведев, денеска ќе го посети Белград, а како што пренесуваат српските медиуми, ќе го чуваат над 5.000 полицајци. Тој пристига во еднодневна посета на Србија, на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.
Освен полицајци и припадници на тајната служба, Медведев ќе го чуваат и 30-ина телохранители, објави „Вечерни новости“.
Предвидено е за 12 часа да посети дури осум локации. Првата станица на рускиот премиер по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“, каде што ќе го дочека српската премиерка Ана Брнабиќ, ќе биде воениот аеродром „Полковник пилот Миленко Павловиќ“, каде што заедно со Вучиќ ќе присуствува на демонстрација на воената способност на српската армија.
Се очекува Медведев да ја потврди поддршката на Србија во поглед на решавање на проблемот со Косово, а на дневен ред ќе бидат и неколку билатерални средби. Предвидено е разговорот меѓу Вучиќ и Медведев да трае 45 минути, пренесе „Новости“.
Медведев ќе го посети Калемегдан. Вечерва ќе присуствува на свечена академија за 75-годишнината од ослободувањето на Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.