Голем број медузи се појавиja летово во северните делови од Егејското Море во Грција. Високите температури кои ја зафатија оваа летна сезона и Грција се главна причина за појавата на голем број медузи на плажите.

Научниците сметаат дека ваквата појава е резултат на климатските промени, односно високите температури и топлото море кои го зголемуваат размножувањето на медузите.

Втора причина за големиот број медузи е и зголемениот риболов. Според научниците, риболовот доведува до намалување на природните непријатели на медузата и поради тоа на плажите туристите оваа сезона  секојдневно ги гледаат во морето.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.