Босанските медиуми објавија фотографии од осуммината трагично настрадани за време на новогодишната ноќ. Дел од нив се на крајот од средното училиште, а некои прва година на факултет.
Девојките и момчињата починаа од загушување со плин кој се користел во викендичката за осветлување.
Животот го изгубија: Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ, Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ, сите родени 2001 година.
Во херцеговачкиот регион е прогласена тридневна жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.