Црна Гора побара од Европската Унија и од НАТО итна помош во здравствени работници, кои ќе им помогнат во борбата против корона вирусот.
Како што изјави црногорскиот министер за надворешни работи, Ѓорѓе Радуловиќ, ваквото барање е испратено поради тоа што црногорскиот здравствен систем е пред колапс.
Во писмо до колегите во земјите-членки на ЕУ, Радуловиќ побарал, доколку се во можност, итно да испратат лекари, техничари и друг медицински персонал во Црна Гора, пишува весникот „Побједа“.
Според весникот, Владата не ја известила црногорската јавност за овој апел до Унијата.
Поддршката се бара во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со цел да се стави под контрола епидемијата во Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.