Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати на осум лица, кои ги внела во списокот на вакцинирани врз основа на што ваделе потврди.
Засега не е познато колку наплаќала за услугата, но со неа е приведен и нејзиниот 22-годишен пријател, кој бил посредник во комуникацијата со лицата кои сакале невакцинирани да добијат сертификати.
Од полицијата наведуваат дека Петра Р. (31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде што била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.
Уапсената медицинска сестра ги искористила своите овластувања и за осум лица во октомври внела неточни податоци во системот дека се вакцинирани со една или две дози вакцина, а истите ги користеле за патување во странство или за влез во државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.