Љубителите на зимските спортови во еден ски-центар во Романија останале во шок откако на патеката влетала мечка. Неверојатната сцена, снимена од еден од скијачите кој во моментот бил на жичницата, се случучила во познатото романско скијалиште Предеал.

Откако влетала на патеката, мечката почнала да брка еден скијач, кој во паниката единствено што можел да стори е да забрза надолу. И додека тој се обидувал да спаси жива глава, луѓето кои биле на жичницата паничко врескале со намера да го привлечат вниманието на животното.

Мечката не сакала да се откаже од својот плен, но скијачот имал многу среќа и успеал да се спаси благодарение на ранецот што го имал на себе. Во еден момент го фрлил ранецот и така ја запрел мечката, која се посветила на на фрлениот ранец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.