Полицијата во Босна и Херцеговина уапсила маж кој е обвинет за нарачано убиство на својот брат за 100.000 евра.
Полицијата соопшти дека Р.Д. (1964) ангажирал едно лице од подрачјето на Херцеговско-неретванскиот кантон за 100.000 евра да го ликвидира неговиот брат Б.Д. и да му нанесе телесни повреди на својот внук на начин да остане инвалид.
Полицијата при претрес на објект на уапсениот Р.Д. нашла десет мобилни телефони, компјутерска опрема, оружје, муниција и други предмети користени за подготовка на убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.