Машко лице кое било на скутер се приближило, ја симналo кацигата по што испукало неколку пати кон Љубица М. додека таа влегувала во својот автомобил, раскажал очевидец за пукањето кое утрово ги вознемири жителите на Белград. Во вооружениот напад, 40-годишната жртва која е директорка на филијала на српска банка, заврши во три куршуми во ногата.

Како што раскажал тој, во 7.45 се слушнале неколку истрели, па болен крик.

По истрелите слушнав силен крик и повик за помош. Жената лежеше до својот автомобил во крв, па побрзавме да и помогнеме, изјавил очевидецот на инцидентот за српски Блиц.

Полицијата пристигнала за неколку минути, а брзата помош за дури 20, па како што коментираат очевидците, да била ранета не некое друго место на телото, а не во ногата, тешко би преживеала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.