Тензичен изборен ден во Албанија. За да го попречи изборниот процес, 53-годишен маж упаднал на избирачко место во Драч вооружен со калашников, јави Albeu.com.

Полицијата открива дека станува збор за лицето Рамиз Баканаќи, кој ѝ се заканувал на комисијата и ги искршил гласачките кутии пред да биде уапсен.

Полицијата го запленила оружјето.

 

Во Албанија денеска се одржуаат локални избори, кои опозицијата ги бојкотира, а на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.