Припадници на Секторот на криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Посавскиот кантон во Босна и Херцеговина, во вторник навечер уапсиле тројца мажи во градот Оџак, заради сомневање дека силувале маж од подрачјето Тузла, пренесува „Дневни аваз“.
Инспектори постапиле според писмената наредба на обвинителството на Оџак и во тој град извршиле претрес на семејната куќа и помошните простории кои ги користи 56-годишниот Н.В., чиј целосен идентитет заради истрагата не можеме да го откриеме. Претресот го извршивме околу пладне, а сопственикот на недвижнини го уапсивме околу 15.30 часот. Потоа, околу 17 часот, уапсивме 59-годишен маж од Ново Село кај Оџак, кој исто така ги користи тие простории, а уапсен е и 48-годишен маж од Оџак, велат полициските извори.
Жртвата е стара помеѓу 50 и 60 години, а случајот на силување го пријавила неговата сопруга пред неколку дена.
Постојат сомневања дека трите мажи извршија кривично дело силување на особено суров или понижувачки начин. За жал, во овој момент не можеме да откриеме повеќе детали за ова апсење, бидејќи истрагата се води под надлежноста на правосудното тело на Посавскиот кантон, вели извор за порталот.
Според службените информации, за ова кривично дело е предвидена затворска казна во траење од три до петнаесет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.