Меѓу осумте починати пациенти во изминатите 24 часа во Хрватска е и 17-годишно девојче од Сплит.
Причините за смртта на ученичката официјално сè уште не се објавени, пишува „24 сата“ но тамошниот Центар за јавно здравје објави дека таа била позитивна на ковид-19. Според информациите на „Далматински портал“, таа имала астма.
Седумнаесетгодишната девојка била ученичка во Економската и управна школа, четврта година. Во петокот била на настава, а професорите велат дека изгледала добро. Во саботата имала напад во кој брзо престанала да дише, лекарите ја реанимирале и интубирале, но на крај починала во одделот за интензивна нега.
Во моментов три одделенија од средното училиште се пратени во самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.