Словенечката Влада, реагирајќи на зголемувањето на случаите со Ковид-19, најави дека од овој викенд маските ќе бидат задолжителни на јавни отворени места и дека децата од седмо одделение па нагоре ќе мора да ги носат во училници.

Покрај тоа, мерењето на температурата ќе биде задолжително на работното место, а работното време на баровите ќе биде ограничено, објави агенцијата СТА.

Бројот на новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа во Словенија е зголемен за 104, на вкупно 4.058, според последните владини податоци.

Ова е мало намалување во споредба со вчерашниот ден, кога бројот на новоинфицирани беше 123. Едно лице починало од коронавирус претходниот ден, така што вкупниот број смртни случаи изснесува 136.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.