Албанската полиција соопшти дека убила еден маж откако група неидентификувани лица извеле грабеж на меѓународниот аеродром во Тирана, но не овјави колкава е сумата која била одземена од еден од авионите кој стоел на писта. Полицијата навела дека се работи за група вооружени и маскирани мажи, како и дека грабежот се случил вчера попладне на аеродромот „Мајка Тереза Ринаси“, пренесе „АП“.
Во потерата дошло до размена на оган на километар од аеродромот во која бил убиен еден од крадците. Специјалните полициски сили и хеликоптери го пребарувале теренот, а поради инцидентот откажан бил само еден лет.
Дел од албанските медиумите јавуваат дека сумата која била одземена е околу 10 милионие евра, а крадците по пресметката со полицијата го запалиле автомобилот кој го користеле во текот на грабежот, а потоа од местото на злосторството побегнале со мотоцикли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.