Со цел заштита на што повеќе граѓани Словенија купи дополнителни милион и пол заштитни маски, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според најавите на министерот за економија Здравко Почивалшек тие ќе пристигнат в среда, а ќе бидат дистрибуирани таму каде што се најпотребни.
Во меѓувреме словенечката Влада воведе забрана за продажба на маски за лице и заштитна облека, со цел да има доволно опрема за медицинскиот персонал и спасувачките екипи.
Од Заводот за стоковни резерви пак информираа дека во складиштата има доволно резерви на храна и други производи и дека нема никаква потреба од загриженост по ова прашање. Сите резерви на храна се распоредени низ 200 дистрибутивни точки ширум Словенија.
Од заводот информираа дека резервите на жито се доволни за до следната жетва, односно за шест месеци, а има и доволни количини на вода, сол, масло и други житарици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.