Српскиот генерал Јован Милановиќ тврди дека убиството на пазарот во Сараево во 1994 годија кој беше повод за воздушен напад над Република Српска бил добро подтотвен и воопшто не бил случаен.
Според него, овој настан бил подготвуван на полигон во близината на Вашингтон.
Експериментот е изведен на полигонот Александрија со користење на макети и со амбиент на пазар.Тој пазар Маркале го знам бидејќи повеќе од три години живеев во Сараево и се снабдував оттаму-вели Јовановиќ за српскиот весник „Ало“.
Нападот на пазарот Маркале во 1994 година во кој страдаа цивили е изведен со минофрлачи и беа убиени 86 луѓе. За настанот меѓусебно се обвинуваа властите во БИХ и Република Српска и до ден денеска остана неразјаснет. Следната година на истиот пазар се случи нов напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.