Пријателката на Македонија од Хрватска, Маријана Петир, го честита на Твитер празникот Свети Кирил и Методиј со фотографија од нивниот споменик во Скопје.

Денеска е денот на словенските просветители и учители, мисионери на #христијанството и ден на светите браќа од Солун Св. Кирил и Методиј. Двајцата браќа се почитувани во источната православна црква како светци. Во 1980 година Јован Павле Втори ги прогласи за копокровители на Европа, објави на Твитер поранешната европратеничка, основачка на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент и нејзина шефица пред да биде сменета од Владата на Зоран Заев пред две години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.