Администрацијата на Света Гора одлучи до крајот на месецот да ја затвори монашката манастирска заедница во Грција за посети од сите аџии, во обид да ги заштити монасите од корона вирусот.

Во соопштението до игумените на 20 манастири се наведува дека само одреден број вработени и соработници имаат дозвола да доаѓаат на Света Гора и тоа само со покана.

Забраната за посетители ќе остане на сила до 30 ноември, кога повторно ќе се разгледа одлуката.

На монасите ќе им биде дозволено да ја напуштат Света Гора со посебна дозвола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.