Малчанскиот бербер го признал злосторството пред обвинителот на рочиштето и потоа прашал дали ќе добие доживотен затвор, пренесуваат српските медиуми од добро информирани извори од судството. Тој рекол дека не планира да ја киднапира девојката, но дека идејата „му светнала во еден момент“.
Не ја познавав Моника и не планирав да ја киднапирам. Наидов на неа случајно и тогаш ми текна да ја соберам. Тоа беше посилно од мене. Ми се чинеше како голема девојка. Таа беше вознемирена и се спротивстави, па морав да и се заканам.Бегав со неа со денови пред потерата. Почнувајќи од вториот ден, кога го напуштивме скривалиштето кај Малча, пешачевме по неколку часа пеш. Знаев за куќата на мојот братучед во селото Орашац, и тука се засолнивме пред потера. Немав мобилен телефон, но јасно можев да ги видам полицијата и Армијата. Слушнав хеликоптер што го пребарува теренот и се криевме во ловџиските колиби и напуштените куќи. Видов беспилотни летала и ноќни претреси, но успеавме да се извлечеме – рекол Јовановиќ пред истражните органи.
Моника во неколку наврати се обиде да избега. Маваше со камења кон мене, плачеше, молеше и ме преколнуваше да ја вратам дома. Едноставно не можев. Кога веќе снемавме храна и почнавме да се смрзнуваме, имав намера да ја однесам дома и да се предадам на полицијата. Но, таа беше некаква безбедност за мене да стигнам до Ниш. Кога Савиќ ме изненади во Пасјача, морав да избегам и да продолжам понатаму. Сега можеби ми е жал за сè и ми е жал, но знам дека нема оправдување и дека ќе бидам казнет, но дали со доживотна робија, прашал тој. Дали ќе добијам доживотен затвор за она што сум го направил, прашал повеќекратниот силувач, кој целосно и темелно ги доставил сите детали за киднапирањето до истражните органи.
Судејќи според неговото однесување на рочиштето, тој не изгледал дека навистина се кае и жали за злоделото, но на некој начин се обидел да ја намали неговата вина, пишуваат уште медиумите од Србија.
Киднаперот признал и дека кон девојчето бил насилен и дека и ја шишал косата малку по малку со некој вид на нож, кој го имал кај себе, а непосредно пред да биде откриен се докопал до ножици и ја ошишал. Освен храна и воа, како што итакнал, почнале да му тррбаат и лековите кои ги понел со себе поради епилептични напади кои повремено ги има,па затоа брзал да се приближи до Ниш. Не признал дека се приближил до Малча, кога што пренесоа гласините, за да некој му даде храна, туку дека само барал шанса да дојде до Ниш.
Кај него при апсењето е пронајден со нож. Демантира дека имал пиштол, но признал дека тоа го кажал во Псјача кога е откриен за да ги исплаши домакините и да добие на време.
Факт е дека при бегството изнемоштел, изгладнел и помрзнал, но се однесува сосема прибрано. Неговото порекнување дека не го планирал киднапирањето и успат подготвувал скривалишта е неодржливо бидејќи од неговата приказна за движењето се гледа дека тоа се го направил со претходни подготовки – велат извори за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.