Претседателот на Франција Емануел Макрон, принцот Чарлс, премиерот на Русија Михаил Мишустин и претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, се очекува да присуствуваат на воената парада во Атина на 25 март по повод 200 години од почетокот на востанието за независноста на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, принцот Чарлс и претседателот Макрон веќе ја прифатиле поканата и доколку тековната ситуација со пандемијата не биде пречка, ќе пристигнат во Атина заедно со сопругите.

Поради пандемијата, парадата ќе се одржи под строги мерки и без присуство на граѓаните кои ќе можат да ја следат на телевизија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.