На патниот правец Елбасан-Пеќин попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувал и македонски државјанин.

Во собраќајката се повредени три лица откако камион управувам од македонскиот државјанин удрил во автомобил мерцедес. Повредените се пренесени во болницата во Елбасан и се вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Папер. Од се уште непознати причини дошло до судар меѓу автомобил „мерцедес” управуван од М.К. жител на Тирана и камион со кој управувал македонскиот државјанин Х.Ф. од Тетово – стои во полициското соопштение.

Се додава дека увид врши истражна екипа, која треба да ја расветли причината за несреќата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.