Македонски државјанин е осомничен дека претпладево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани.
Двојното убиство, според полицијата, се случило во домот во кој живееле во населбата „Астир“ во Тирана.
– Сторителот на двојното убиство е Перпарим Адеми (59) од Македонија. Тој испукал повеќе куршуми од автоматско оружје, кое го оставил на самото место на настанот и се дал во бегство.
На местото на настанот беше директорот на полицијата на Тирана, Ребени Јаупи, кој соопшти дека е издадена потерница и апелираше до секој кој има каква било информација да ѝ ја пренесе на полицијата.
– Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите. Првичниот мотив е дека до немилиот настан дошло поради кавга со една од сестрите околу продолжувањето на вобрачната заедница, рече Јаупи.
Тој посочи дека се известени сите полициски станици во земјата, а остварен е контакт и со македонските колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.