Албанската полиција уапсила две лица под обвинение дека во Тирана завчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра. Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор. Во рамки на полициската акција „Лаке”, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.
Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23).
За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.
Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.