Новоименуваната амбасадорка на земјава во Грција, Лидија Бошковска, денеска ќе ѝ ги предаде акредитивните писма на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
Во претседателската палата во Атина, заедно со Бошковска, акредитивите ќе ги предадат и амбасадорите во Грција на Ирак, Филипини, Јужна Кореја и Нигерија.
Бошковска е првата амбасадорка на Македонија во Грција, по подигнувањето на нивото на дипломатските односи меѓу двете земји по Договорот од Преспа, откако Канцеларијата за врски во Атина стана Амбасада.
Воедно, таа е и првата жена амбасадор на Македонија што акредитивите ќе ѝ ги предаде на првата жена претседателка на Грција.
Министерствата за надворешни работи на Македонија и Грција пред две години разменија ноти, со кои, согласно Договорот од Преспа, се подигна нивото на Канцелариите за врски во Скопје и Атина на ниво на амбасади.
Паралелно нашата Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во Солун се подигна на ниво на Генерален конзулат, а истовремено грчката Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.