Колони возила чекаа за излез од државата за да се упатат кон соседна Грција на продолжен празничен викенд за Велигден. Состојбата се нормализираше во попладневните часови. Како што информираа пограничните служби претпладнево, за излез од државата се чекало не повеќе од 20 тина минути а во функција биле ставени сите ленти за пасошка контрола. Заклучно со 12 часот државата ја напуштиле 12 илјади патници од кои околу 7 илјади македонски државјани со напелници на автомобилите и печат во пасошите.

Не поразлична беше ситуацијата и на ГП Дојран каде за излез од државата се чекало од 10 до 15 минути. Туристичките работници тврдат дека за Велигден, македонските граѓани најголем интерес покажале за туристичките места на Халкидики, но и за грчките острови. Поголема фреквенција на ГП Богородица очекува после велигденските празници и први мај кога македонските граѓани ќе се враќаат од соседна Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.