Од среда, 1 септември, странски студенти кои имаат виза „Д“ за долгорочен престој за студиски цели, ќе може да влезат на територијата на Бугарија дури и да доаѓаат од земјите што спаѓаат во црвената зона, соопшти бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров.
Бугарското Министерство за здравство потсетува дека учениците, студентите и докторантите кои живеат во Грција, Турција, Србија, Македонија и Романија и секојдневно или најмалку еднаш неделно патуваат во Бугарија, како и ученици, студенти и докторанти кои живеат во Бугарија и патуваат секојдневно или барем еднаш неделно во Грција, Турција, Србија, Македонија и Романија, ќе може да влегуваат во земјата без потреба да поднесуваат документи за Ковид-19.
Исто така, од 1 септември, Македонија, Црна Гора, Косово, Казахстан, САД, Света Луција, Федерацијата Свети Кристофер и Невис и Ирска ќе спаѓаат во црвената зона. Ова се прави согласно промена на листата на земји по зони со различни бои, според која се одредуваат правилата за влез во Бугарија.
Од истиот датум, Италија преминува од црвено во портокалово, а Германија, Естонија, Хрватска, Италија и Сан Марино од зелена во портокалова. Романија преминува во зелената зона.
Од 1 септември, сертификатите за вакцинација, тестирање и прележан Ковид-19, издадени од Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина и државата Ватикан се сметаат за еквивалентни на дигиталниот Сертификат на ЕУ за Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.