Министерството за здравство на Кипар објави нова, ажурирана листа со 49 земји за кои е дозволен влез од 1 август, а направени се четири промени: Бугарија и Алжир, од втората сега во третата категорија, за Грузија повеќе не постојат никакви ограничувања за патување, а посетителите на Велика Британија сега веќе може да патуваат на Кипар, но само со потврда за негативен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно новата листа, земјите повторно се поделени во три категории: прва категорија – земји со ниска опасност, втора категорија- земји со поголема опасност од првата и трета категорија –  земји со зголемена опасност во споредба со првите две.

Во првата категорија со 23 земји, вклучени се 14 држави од Европската унија (Австрија, Германија, Данска, Естонија, Финска , Грција, Ирска, Латвија, Литванија, Малта, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија) , четири од Шенген зоната (Швајцарија, Исланд Лихтенштајн и Норвешка) и пет трети земји (Грузија, Јапонија, Јужна Кореа, Нов Зеланд и Канада) и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

Во втората категорија, во која повеќе не се вклучени Бугарија и Алжир, а е додадена Велика Британија, се земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж во споредба со првата“ и задолжителна е потврда за негативен молекуларен PCR тест направен 72 часа пред патувањето.

На листата се 19 земји: Велика Британија, Белгија,  Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Холандија Чешка, Андора, Монако, Ватикан, Сан Марино, Австралија, Мароко, Руанда, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, се Бугарија, Португалија, Шведска, Луксембург, Романија, Алжир Србија и Црна Гора, а дозволен е влез само за одредени категории државјани со задолжителен негативен тест и 14 дневна самоизолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.