Мекедонски е приведен од бугарската полиција во својот стан во градот Левски поради тоа што го урнал споменикот на Хан Аспарух во градот Левски, објави бугарскиот весник „Труд“.
Вандалскиот чин бил извршен во раните утрински часови во неделата. Соборувањето на споменикот било снимено од камерите и вработени во општината ја кренале плочата, но не ја известиле полицијата.
Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“, пишува „Труд“.
Тие предлагаат, ако се докаже тоа и ако странецот има и бугарско државјанство, тоа да му биде одземено, а бараат и тој да ги покрие трошоците за повторното поставување на споменикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.