Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на претседателот Румен Радев кој ги праша македонските власти зарем било толку тешко да „додадете еден, единствен збор – „Бугари“ во Уставот на Република Македонија“. 

Стојко Стојко од партијата ОМО Илинден-Пирин прашува не е ли бесрамност вакво прашање да поставува лидер на земја која во својот услов нема ставено нема ставено ниту едно малцинство и се оспорува постоењето на малцинствата.

Би го прашал Радев кој знае да ги прима Бугарите од странство но не најде време за средба со бугарските државјани со македонска самосвест, зошто е толку тешко да го признаете македонското малцинство.Тоа е ваше задолжение што следи со меѓународните обврски. Дали мисли дека со тоа што отворено го негира постоењето и правата на македонското малциство му помага на своето барање Бугарите во Македонија да бидат поставени и привилегирани во Македонија-прашува Стојков за „Република“.

Тој е убеден дека не помага во решавањето на проблемите со тоа што тој и Бугарија отворено водат непријателска политика против Македонија и македонската нација.

Радев лаже-Македонија не одбива да ги стави Бугарите во Уставот, само немајќи доверба во Бугарија ветува дека тоа ќе го направи пред влегувањето во ЕУ-додава Стојков.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.