Сведок во истрагата во скандалот со издавање бугарски државјанства вели дека Македонците биле привилегирани при добивање бугарски патни исправи, објави Бугарската национална телевизија.

Според сведокот, близок на истрагата, биле ангажирани преку 100 „медијатори” кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

–Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските закони се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло – вели сведокот за БТВ.

Засега, македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.