Македонците биле „привилегирани“ при добивање на бугарски пасоши и можно е оние што биле нелегално издадени да се одземат, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства. Инфорамцијата беше објавена на бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој добро е запознаен со случајот.
Според сведокот, биле ангажирани преку 100 медијатори кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите. Македонците плаќале до 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово и до 5.000 евра за бугарски пасош.
Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските заокни се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло, вели сведокот за БТВ.
Засега македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.