Во Белград се создаваат големи редици и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР тестирање пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, најупорните граѓани пристигнуваат пред Институтот за да ги заземат своите места уште во 4.30 часот за да бидат меѓу првите во осум часот кога се отвораат вратите на лабораторијата.
Освен граѓани од цела Србија коишто патуваат во странство, за што им е потребен овој тест, во редиците има и државјани на Македонија и од Република Српска, затоа што во „Торлак“ тестирањето за корона вирусот не се закажува, а резултатите се добиваат истиот ден.
Од Градскиот институт за јавно здравје, пред два дена најавија дека до 20 август повеќе немаат слободни термини за ПЦР тестирања на лично барање, а закажувањето повторно ќе почне повторно на 18 август.
Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра.
Во Србија како резултат на последиците од Ковид-19 официјално се починати 641 лице. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 28.099 случаи на заболени. На респиратори се наоѓаат 106 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.