Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек посочи дека покрај постоечките 11 места, од вторник ќе се отворат 50 нови пунктови за вакцинација во Србија, каде што граѓаните ќе можат да се имунизираат без да закажат термин.
Целосно имунизирани се 651.000. Продолжуваме со брзата имунизација. Луѓе морате да сфатите дека спасот за излез од оваа ситуација е брзата вакцинација“, вели Ѓерлек.
Тој додава дека проблемот не е во вакцините, туку во нив.
„Проблемот не е во вакцините, туку во нас. Ќе имаме вакцини од сите производители, ќе ги има за сите што сакаат да се вакцинираат. Не чекајте на повикот, тие ќе ве примат во секој момент, бидејќи сега брзината и масата на вакцинирање се важни ако сакаме да одиме на одмор во текот на летото“, рече државниот секретар.
Досега околу 10.000 македонски граѓани се вакцинираа во соседна Србија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.