Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белграадскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација против ковид-19 на населението.
Но, она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.
Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.
Но, освен граѓани кои индивидувално преку електронска пријава на сајтот Е-управа во Србија си обезбедиле термин за вакцинација, викендов во Белград и Ниш се спроведува и организирана вакцинација на бизнисмените и вработените во компании од Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово.

По новинарите и стопанствениците, сега и уостителите ќе можат да се вакцинираат против КОВИД-19 во Србија. Како што соопшти утринава Независната угостителска комора, во соработка со Стопанската комора на Србија сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите, без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди бесплатна вакцинација во Ниш, соседна Србија во сабота и недела од 08:00 до 20:00 часот.
Вакцинацијата ќе се спроведе во Спортскиот центар „Чаир” во Ниш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.