Деспот Лазиќ, детето кое болуваше од ретка болест наречена „пеперутка“ ја отвори душата како ги поминува деновите без нејзиниот син.

Софија раскажува дека тешко се носи со загубата иако е свесна дека мора да продолжи бидејќи има уште едно дете. Сепак вели дека и е најтешко кога ќе влезе во собата на Деспот која е останата иста како пред да  го однесат во болница од која не се врати жив.

Ништо не чепкав во неговата соба и нема додека сум жива. Само ќе бришам прашина. Неговиот компјутер, слушалките се останато. Се мириса на него. Иако целиот беше во рани имаше убав мирис.. Кога ќе влезам во собата и ќе видам дека е празна почнувам да плачам-раскажува мајката.

Деспот страдаше од ретка болест кое го ослабнува срцето и предизвикува рани на кожата, а се јавува претежно кај деца.

Стручно оваа болест се вика булозна епидеморлиза и за неа не постои лек.Народски заболените се викаат деца пеперутки“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.