Катица Роѓак, мајка на четирите деца кои сопругот Јосип ги фрлил низ прозорецот од прв спрат на куќата, рекла дека две деца се добро, но другите две се во критична состојба.

Таткото ги фрлил децата од прозор на височина од шест метри. Тие биле на возраст од три, пет, седум и осум години, пишува „Индекс“

Седумгодишото девојче е најтешко повредено и се наоѓа во тешка здраствена состојба, со тешки повреди на главата.

Бев во куќата кога ги фрли децата од прозорецот. Ме разбуди во 6 наутро, ме праша дали спијам јас реков не. Не сфатив дека ми ги однел децата. Кога видов дека ја носи најстарата ќерка, мислев дека оди накај дневната, а тој ја фрли долу на бетон, тогаш сфатив. Веднаш истрчав долу, бев гола, по гаќи, го видов детето во локва крв, рекла вознемирената мајка.

Соседите веднаш повикале брза помош, а таа рекла дека не знае каде е сега нејзиниот сопруг, а не ни сака да слушне од него.

Најпрвин ги фрли трите девојчиња, а потоа и момчето, јас веќе бев излезен надвор. Падна како вреќа. Плачеа сите четири деца, раскажал потстанар кој живеел на долниот спрат од куќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.