Мајката и новороденчето кои вчера беа претепани со метална шипка од пијан татко во Меѓумурје, денеска се стабилни. Раните на детето се санирани и е во добра состојба, јавуваат хрватските медиуми.
Тоа ќе помине неколку дена под опсервација на педијатрија бидејќи се работи за бебе старо 20 дена кое се здобило со повреда на главата со железна шипка.
Мажот е уапсен и во тек е кривична истрага.
Дежурниот педијатар Дејан Балажина потврди дека детето има повреди на главата и бутот и е во болница поради можни компликации.
Жителите на Пишкоровац сведочат дека мажот бил склон кон алкохол и семејно насилство. Прашање е дали семејството било под надзор на Центарот за социјални работи. Одговорот на Центарот се уште се чека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.