Седумгодишно момче со повеќе убодни рани од нож во пределот на градите синоќа билo пренесено во Детската болница во Подгорица, Црна Гора. Тој итно бил опериран и во моментот е надвор од животна опасност, пренесуваат црногорските медуиуми.
Неговата мајк М.П. (40) е уапсена за обид за убиство.
Споре „Вијести“, инцидентот се случил во куќа која ја изнајмувала мајката, во која е најден и ножот со кој таа се обидела да го убие синот.
Соседите биле тие кои пријавиле во полиција, а кога службените лица влегле во куќата ја пронашле мајката и синот во локва крв.
Според неофицијалните информации, мајката и претходно физички го злоупотребувала синот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.