Една мајка во Призрен, Косово, е обвинета за убиство на своето бебе. Според Обвинителството во Призрен, мајката во тајност го родила бебето и без да му кажe на никого, завиткано во кошула го криела на таванот во куќата

Под овие услови, новороденото машко дете, на кого не му била пресечена ниту папочната врвца, живеело неколку часа и како последица на затворање на горните дишни патишта и асфиксија, бебето умрело.

Извештајот на обдукцијата на властите на судска медицина во Призрен констатира дека смртта била неприродна. Мајката била обвинета со „убиство на бебе при раѓање“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.