Мајка од Босна и Херцеговина ја терала својата 16-годишна ќерка на сексуални односи со 32-годишниот брат на нејзиниот нов сопруг. Тоа траело од јануари до пред околу една недела, кога бабата на малолетничката го пријавила случајот во полиција.

По разводот на нејзините родители, старателството на тинејџерката го добил таткото, кој со месеци работел во странство, па таа била со нејзината баба. Во меѓувреме, нејзината мајка се премажила по четврти пат.

Шеснаесетгодишничката го запознала и братот на новиот сопруг на мајка си. На малолетничката ѝ било кажано дека ќе има своја соба, ако оди во куќата на 32-годишникот. Таа отишла и тогаш започнал пеколот, изјавил извор близок до семејството за локалните медиуми.

Бабата повикала полиција кога дознала од соседи на човекот, дека нејзината внука е „ставена во куќа со маж постар од неа“. Во меѓувреме биле уапсени мајката и 32-годишникот.

За време на истрагата, однесувањето на обвинетиот било шокантно, тој не мислел дека има ништо лошо во тоа што има сексуални односи со малолетничка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.