Заменик-градоначалничката на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ, заплака пред камерите на загрепскиот портал Индекс.
Луѓето останаа без сè за две минути. Електрична енергија нема, луѓето имаа полни фрижидери, сега веќе не им останува ништо … – видно потресена рече Бранка Бакчиќ Митиќ.
На Глина и требаат контејнери затоа што обновата ќе потрае долго време, рече таа.
Сите овие луѓе имаат домашни животни, имаат седум крави, живеат од нив, тоа е нивното постоење. Тешко беше да се живее таму порано, пред војната беше богато село, имаше јавно осветлување. Сега нема ништо, како да влегувате во зоната на самракот – рече Бакчиќ Митиќ.
Видеото може да го погледнете го овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.