Од Западен Балкан во земјите на ЕУ само минатата година се отселиле 228.000 жители, покажуваат податоците од Еуростат.

Најмногу иселеници во ЕУ заминале од Албанија 62.000, потоа од БиХ 53.000 како и 51.000 Срби. Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, а од Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000.

Од Албанија најголем број гражани се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10.000). Од БиХ најмногу заминале за Германија (16.000), а другите во Словенија и Хрватска.

Од Србија минатата година најмногу граѓани се иселиле во Германија (16.000), потоа во Словенија 5.100 и Хрватска и Словачка има по 4.900 иселеници.

Од Косово, кое во овој документ е наведено како територија на ОН според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, најмногу луѓе минатата година заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Хрватска.

Од Македонија најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија.

Во односот на бројот на жители, најмногу иселување има од Албанија која има околу 2,8 милиони жители, зошто минатогодишните 62.000 заминувањаа чинат околу 2,2 отсто од вкупниот број жители.

Бројот на заминувања од Македонија сочинува 2,1 отсто од вкупниот број жители, додека од Косово заминале 2 отсто од граѓаните. БиХ лани ја напуштиле 1,5 отсто жители, а Србија 1,3 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.