Членката на српскиот Кризен штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, најави дека од утре во Србија ќе почне да се аплицира трета доза на вакцините против корона вирусот.
Таа наведе дека третата доза ќе ја примат граѓани со намален имунитет, кои се на хемодијализа, со трансплантирани органи, лица постари од 70 години.
Истовремено, трета доза ќе им биде препорачана и на патниците во меѓународниот сообраќај, бидејќи според Кисиќ Тепавчевиќ, голем број луѓе од одмор се вратиле заразени со Ковид-19.
Трета доза вакцина се препорачува и за вработените во здравствените институции, кои имаат должност и обврска да ја заштитат својата професионална околина и да спречат ширење на Ковид-19 – посочи Кисиќ Тепавчевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.