Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер за кој српските медиуми тврдат дека има македонски пасош e криен од луѓе блиски до најголемиот нарко бос на сите времиња Пабло Ескобар, пишува „Српски Телеграф“.

Звицер има неколку лажни пасош и се крие на просторот на некогашна Голема Колумбија која денеска ја сочинуваат неколку држави како Колумбија, Венецуела, Еквадор, Бразил, Панама и Пери. Таму најголем дел на српските и црногорските криминалци најдоа прибежиште и веднаш воспоставија соработка со клановите кои некогаш беа први соработници на Ескобар.

Покрај Звицер во овие краишта се крие и Никола Вусовиќ, викан Џони од Врачар кој му е десна рака на водачот на Кавачкиот клан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.