Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека пред две недели тројца предводници на антиваксерското лоби во Србија починале од последици од коронавирусот.

Како ви делува кога некој ќе ви рече дека вакциниет не се добри и дека коронавирусот не постои, а потоа ќе се разболи и ќе почине невакциниран од болеста која не постои. Накраатко, тоа е мојот одговор, рекол Лончар на прес-конференција во Клиниката за присхијатриски болести во Белград.

Министерот нагласил дека епидемијата ќе трае со години без единствена борба и ако им се дава простор во медиумите на луѓе кои шираат дезинформации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.