Наследник на богато семејство, Милош Остојиќ (30), убиен е синоќа во Лукавица во Источно Сараево, во класична заседа. Тој е ранет пред својот клуб Спарта, а од последиците на повредата набрзо починал на лице место.

Засега се знае дека на Остојиќ убиецот му направил заседа, го чекал некое време и штом излегол од возилото, пукал во него.

Непознато лице синоќа во 23.05 часот во улицата Караѓорѓева во Источно Ново Сараево од огнено оружје тешко ранило маж со иницијали М.О., кој потоа е превезен во болницата Србија, каде набрзо починал – соопштила сараевската полиција.

Жртвата потекнува од многу богато семсјтво, имаат неколку приватни фирми и голем број мештани од Источно Сараево се вработени кај нив. Исто така и локалот пред кој е убиен Милош бил во сопственост на неговото семејство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.