Дарио Ѓорѓевиќ – Декстер, е високопозициониран член на кавачкиот клан, кој беше уапсен во Австрија во рамки на заедничка полициска акција со српската полиција и безбедносни служби. Декстер, кој е близок соработник на Вељко Беливук, бил фатен со 10 килограми хероин и фалсификувани документи.

Интересно е дека полицијата пред извесно време го пријави неговото исчезнување и Декстер се најде на список со околу 15 имиња на мажи чија судбина не беше позната, а за кои се зборуваше дека биле жртви, токму на Беливук.

Како што пишува српски „Телеграф“, постојат сомневања дека Ѓорѓевиќ е организатор на криминалната група чии членови пред еден месец беа уапсени во Виена, како и дека е близок пријател на Вељко Беливук и Марко Мијковиќ. Декстер, наводно, за сметка на кавачкиот клан ги организирал убиствата на Александар Шарц, Лазар Вукичевиќ и Драган Ристиќ.

Ѓорѓевиќ во 2008 година учествувал во конфликт меѓу две групи на луѓе во Калуѓерица, кои тогаш биле означени како криминални банди, а настрадале две лица – Владимир Досковиќ и Далибор Миленковиќ – по еден од двете страни, додека две лица биле повредени.

Во тепачката учествувале повеќе од дваесет лица. Двете групи се судрија на ливада каде пукале во сите правци и запалиле факели. Полицијата открила многу чаури, при што некои лица осомничени за пукање, биле уапсени, додека други биле во бегство. Тогаш Ѓорѓевиќ беше меѓу осумте уапсени кои беа осомничени за сторено тешко убиство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.